Поврзи се со нас

Популарно.мк

Првпат по 1988 година британската кралица не присуствуваше на божиќната миса

Настани

Првпат по 1988 година британската кралица не присуствуваше на божиќната миса

Британската кралица Елизабета не присуствваше на денешната Божиќна миса во црквата во Сандригам во источна Англија, првпат по 1988 година.

Во официјалното соопштение на Бакингамската палата се вели дека кралицата претпладнево не била на мисата, затоа што е „сериозно настината„.

– Кралицата се уште се опоравуа од настината, па затоа не смее да излегува надвор и мора да остане дома, се вели во соопштението.

Таа сепак ќе биде со соето семејство на семејната прослава на празникот на кралскиот имот во Норфолк, каде кралицата и целосто семсјтво се собираат за божиќните празници.

Во средата, британските медиуми објавија дека кралицатта и нејзниниот сопруг, принцот Филип (95), нема да отпатуваат во Сандригам, затоа што двајцата имаат настинка.

Следниот ден кралската двојка замина за Норфолк со хеликоптер, а кралицата мораше да прифати да остане во својот дом.

На денешната миса во црката во Сандригам се појавија принцот Филип, престолонаследникот Чарлс со сопругата, како и принцот Хари, со ќерките на принцот Ендрју и најмалдиот син на кралицата. Едвард и неговото семејство.

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам со сопругата Кетрин Мидлтон и нивните две деца за празикот беа во Баклбери на имотот на родителите на војводката од Кембриџ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.