Кралицата на Божиќ, како што многу често ја нарекуваат Мараја Кери, за празниците ќе објави три нови видеозаписи од најубавите песни од нејзиниот Божиќен албум!
Згодната поп-дива која го освои светот со легендарната песна „All I want for Christmas is you“, во новите музички спотови се појавува во совршено и секси издание, а тоа што е уште посимпатично е што се појавуваат и нејзините близнаци Монро и Марокан!
Новите песни дефинитивно ќе ви го разбудат празничниот дух!