Поврзи се со нас

Популарно.мк

Почина пејачот Џорџ Мајкл

Шоубиз

Почина пејачот Џорџ Мајкл

Славниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неговиот публицист.

Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.

Полицијата соопшти дека не се утврдени никакви сомнителни околности во врска со неговата смрт.

Џорџ Мајкл за време на својата исклучително плодна кариера, која траеше речиси четириесет години, имамо продадено албуми во тираж над 100 милиони.

„Со голема жал потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл почина мирно, во својот дом за време на Божикните празници“, се наведува во изјавата на неговиот публицист.

„Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок и емотивен период“, дополни неговиот публицист.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.