//
Следи нѐ
To Top

Твитерџиите го обвинија Ленс Грос за расизам

Божиќна фотографија на американскиот глумец Ленс Грос, објавена на Твитер, предизвика лавина критики и обвинувања поради тоа што една жена со потемна боја на кожата е издвоена од оние со светол тен.

Ѕвездата од ТВ сериите „Заспаната долина” и „Вовед во анатомија“, на сликата е со сопругата и колешка Ребека Џеферсон и осум пријатели. Тој и неговите пријатели Афроамериканци се во пар со своите „бели“ девојки, а единствената Афроамериканка седи некако „настрана“ и изгледа тажно и осамено.

реклама

– Фотографијава покажува дека белците победија. Како девојка со посветол тен, чувствувам одговорност да укажам на расизам каде што ќе го забележам. Одвратна шега, гласи еден од коментарите под објавата.

Глумецот сето тоа го објаснуваше како една обична шега што традиционално ја повторуваат секоја година.

Како и да е, расправата предизвикана од ваква стереотипна фотографија, докажува дека тие теми се се уште чувствителни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.