Поврзи се со нас

Популарно.мк

ГЛАВОБОЛКА ОД ВИНО: Што да направите после најлудата ноќ во годината?

Занимливости

ГЛАВОБОЛКА ОД ВИНО: Што да направите после најлудата ноќ во годината?

Најсигурен начин да се избегне главоболка после вино е да се консумира умерено. Меѓутоа, ретки се тие кои ја знаат причината за главоболката, а тоа не е само чашка повеќе. 

Според Винепаир, главните виновници за главоболката се танинот, хистаминот и шеќерот. Танини се антиоксиданси кои се наоѓаат во лушпата на грозјето, семките и рачките и тие се причина поради кои по конзумирање на вино ви се суши устата. Кај многу луѓе танините нема да имаат никаков ефект, но кај некои лица можат да предизвикаат тешки главоболки.

Поради комбинација на шеќерот и алкохолот телото бара голема количина на вода, да може целосно да ја преработи таа комбинација. Ако не сте внеле доволно течности ќе почувствувате силна жед.

Истражувањата покажале дека одредена храна и пијалоци, меѓу кои е и виното, можат да предизвикаат ослободување на хистамини, а резултатот ќе бидат симпотими како кај алергија, суви очи и тешка главоболка.

Еден експерт истакнува дека два филџани силно кафе пред да се пие вино, можат многу да помогнат. Доктор Сејмор Дајмонд тврди дека кофеинот ги стеснува крвните садови што ги намалува непријатните последици по конзумирање на вино. Други советуваат да се пие побавно и по секоја чаша вино да се пие малку вода.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.