//
Следи нѐ
To Top

ДОАЃА ПОЛАРЕН БРАН: Северен ветер, снег и температури од -20 степени овој викенд!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре кон крајот на денот и во среда најави локални врнежи од дожд,  на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег, особено во западните и северозападните делови.

Според УХМР, од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност  и на северно воздушно струење, што ќе предизвика  значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува  засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

реклама

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата.

Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната  температура ќе биде во интервал од минус четири до минус 12, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до  минус 20 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: