Следи нѐ
To Top

ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Пијан пилот се онесвестил во кабината

Мирослав Гронч (37), пилот во авиокомпанијата „Санвинг“, е уапсен во саботата пред да полета од Канада бидејќи во крвта му откриле три пати повеќе од дозволената доза алкохол. 

Вработените во компанијата забележале дека пилотот се однесува чудно, а потоа се онесвестил во кабината, кратко време пред да се случи летот на авионот што требало да полета од Канада за Мексико.

реклама

Откако се онесвестил во кабината, персоналот на авионот повикал полиција.

Патниците во авионот сметаат дека пилотот треба да биде обвинет за обид за убиство на 105 лица.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.