Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Стружанец почина по пад од оџак

Вести

Стружанец почина по пад од оџак

Четириесет и осумгодишниот С.М. од струшкото село Радолишта почина вчера, по пад од оџак.

Како што соопшти МВР, С.М. вчера околу 8 часот во селото Радолишта, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Медицинска помош му била укажана во Медицинскиот центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар-Скопје, но при транспортот починал.

Со истото возило е вратен во Медицинскиот центар Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.