Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Берово најстудено, во Маврово 7 сантиметри снег

Актуелно

Во Берово најстудено, во Маврово 7 сантиметри снег

Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а максимален еден степен е измерен во Претор.

Според информациите на УХМР, висината на снежната покривка во Маврово е 7, а во Лазарополе 5 сантиметри.

Во Скопје Петровец е -10, Струмица и Демир Капија -9, во Куманово и Штип -8, во Скопје и Гевгелија -7, воБитола и Тетово -6, во Крива Паланка -5, во Прилеп и Дојран -4, во Пожаране, Маврово и Ѓуриште -2, во Крушево и Лазарополе -1, а во Тополчани, Охрид и Дебар се измерени нула степени.

Во источните делови од земјата е ведро и постудено, а во западните малку до умерено облачно. Дува слаб ветер од променлив правец.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дождво пониските,  дожд и снег на повисоките места и снег на планините.Максималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Утре ќе биде променливо облачно  со локални врнежи од дожд и снег,  особено предпладне. Од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика  значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува  засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата. Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната  температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.