Следи нѐ
To Top

Вевчанскиот карневал е пагански на улиците, но православен во домовите

Денеска беше презентирана програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата.

Вевчанскиот карневал Василичари е автентичен, автохтон и пред се и над се оригинален толку многу што низ вековите ниедна власт не останала не критикувана, ниедна власт не останала некамшикувана. Вевчанскиот василичарски карневал не е ништо друго туку премиера на една единствена претстава која што се случува само на 13 и 14 јануари и никогаш не се повторува. Ни по маски, ни по идеја, ни по сценографија, ни по дијалог.

реклама

Вевчанци секоја година ја негуваат традицијата која трае со векови, и се маскираат на Василица. Годинава, продукцијата “Пасворд” е организатор на музичкиот и на забавниот дел на карневалот. Музичкиот дел почнува на 12 јануари, од 21 часот.

Гостите на карневалот ќе ги забавуваат дуото ДНК, женската четворка од Нови Сад “Фрајле”, и за крај, групата “Нокаут”.

На 13-ти јануари во 13 часот е традиционалното дефиле на маските, кое ќе трае цело попладне, а потоа вевчанци и гостите се подготвуваат за вториот музички ден. Од 21 часот на Стара нова година, музичката програма е во знакот на македонските фолк-пејачи. Ќе пеат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

Вевчанскиот карневал завршува на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Последните испитувања на теренот носат сигнали дека вевчанскиот карневал е постар од утврдените 1.400 години. Се цени дека неговиот почеток е 800 години пред тоа.

Кажувањата и тврдењата дека карневалот не постоел во турско време се неточни, пред се од причина што Вевчани никогаш не било под турска окупација. Затоа и не може ништо од неговото постоење да биде забечежано во турските тефтери. Почнувањето на овок пагански обичај јасно ја одсликувала потребата на луѓето преку маски да се ослободат од злото и од црните мисли. Токму затоа, Вевчанскиот карневал, всушност, претставува културно-забавна манифестација со примеси на наука.

– „Вевчанскиот карневал е пагански на улиците, но православен во домовите“ – изјави на прес-конференцијата Мишо Китановски, новинар и публицист со потекло од Вевчани.

Над 1000 василичари ги договараат своите маски. Познати се само 6, зетот, невестата, глупи август и музичарите. Што ќе се случи на 13 никој не знае. Провакации се очекуваат, а контрола врз маските нема никој. Организаторите велат дека маските ќе ја презентираат политика која беше актуелна тема изминатата година.

– „Маските се строго чувана тајна. Најчесто во минатото се работеле од природен материјал, сега малку е тоа модернизирано. Секој Вевчанец во текот на годината промислува што ќе се прави како Василичар. Вевчанците ќе ви кажат се што сакате, но само едно нема да ви кажат – каква маска ќе одберат да носат на карневалот.“ – додава Китановски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.