Поврзи се со нас

Популарно.мк

Скопјани се жалат дека се укинати автобуските линии „9“ и „19“

Вести

Скопјани се жалат дека се укинати автобуските линии „9“ и „19“

Граѓани од Топанско Поле и околните населби во кои сообраќаат броевите „9“ и „19“ на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, на социјалните мрежи се жалат дека овие линии им се укинати.

Тие велат дека после Нова година, на овие линии сообраќаат само приватните превозници, додека државните автобуси повеќе не сообраќаат.

Во писмо до нашата редакција, анонимен читател вели:

– „Сакаме да се пожалиме за укинатите државни автобуси 9-ка и 19-ка кои повеќе денови не сообраќаат, без никакво официјално известување. Имено, проблеми кои настанаа по укинувањето на овие две државни линии се: приватните автобуси не се редовни, не ги почитуваат правилата за електронската картичка, се чека премногу време на станиците, условите во приватните автобуси не се исти како во државните, се полоши (нема греење),  се создава гужва поради недоволно обраќање на линиите, не може редовно да се стигне на посакуваната дестинација затоа што често приватните автобуси ги менуваат и кратат рутите на возење, многу е лошо за учениците, студентите и вработените кои не може да стигнат навреме на соодветната локација (особено од февруари, па натаму) и дека овие две државни линии беа единствени во овој регион и нема логика за нивно укинување.“ – стои во интегралниот допис.

Граѓаните бараат овие линии да бидат вратени затоа што, како што велат, се важни за сообраќајот и нормалното функционирање на граѓаните.

Нашата редакција стапи во контакт со ЈСП Скопје, кои нашето барање за изјава го препратија до Одделот за односи со јавност во Градот Скопје, од каде го добивме следниот одговор:

– „Сакаме да ја известиме јавноста дека овие две линии не се укинати и истите ќе функционираат нормално, согласно возниот ред утврден од страна на Советот на Град Скопје.

Од 1 јануари на сила стапи на сила одлуката за електронски унифициран тарифен систем, со кој се воведува електронско плаќање со унифицирани цени во сите автобуси во јавниот превоз во Скопје. Како и досега, линиите, возните редови и нивното опслужување се утврдуваат со одлуки донесени од страна на Советот на Град Скопје. Како и во минативе години, автобуските линии ги опслужуваат автобуси на ЈСП, Слобода превоз и Макекспрес.

Со новиот возен ред линиите се оптимално усогласени меѓу превозниците со цел значително подобрување и поефикасно функционирање на јавниот превоз. Повторуваме, овие 2 линии ќе сообраќаат нормално со редовен возен ред, со таа разлика што овие 2 линии од сега во целост ќе бидат опслужувани од страна на Макекспрес.“ – стои во одговорот.

Граѓаните велат дека доколку ЈСП и Градот не ги послушаат нивните поплаки, ќе отворат петиција со која ќе бараат враќање на државните автобуски линии.

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.