//
Следи нѐ
To Top

Во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес во двете ленти!

Центарот за управување со кризи информира дека на автопатската делница на патниот правец Скопје-Велес кај месноста Кула, во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвикува застој во сообраќајот заради бавното движење на возилата.

Информираат дека е испратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец.

реклама

Се апелира до граѓаните да ја имаат предвид оваа информации и доколку имаат можност да се воздржат од патување по овој патен правец во наредните час до час и половина.

Дополнително ќе информираат за нормализирање на сообраќајот на оваа делница.

На патниот правец дополнително се испратени патроли на сообраќјната полиција за регулирање на сообраќајот.

Нормализиран е сообраќајот на патните правци Кавадарци-Неготино и Охрид – Ресен кој беше во прекин од 19 и 30 часот поради превртени тешки моторни возила.

Забрани за движење на тешки товарни возила поради врнежите од снег, воведени се на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

На патниот правец Струмица – Валандово поради излизгано тешко моторно возило, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: