Поврзи се со нас

Популарно.мк

Интензивни врнежи од снег во ноќните часови!

Вести

Интензивни врнежи од снег во ноќните часови!

Откако цела Македонија утринава се разбуди со снег, од УХМР известуваат дека во доцните попладневни и во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни.

Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри). Ќе дува умерен до засилен севетер ветер.

Ова е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за до крајот на денот.

Во Скопје ќе биде обласчно со врнежи од снег кои повремено ќе се интензивираа, а ќе се формира снежна покривка до околу 20 сантиметри.

Во моментот имаме облачно време, а во северната половина од земјава има врнежи од слаб снег.

До 16 часот снежната висината на снежната покривка е следна: 33 Маврови Анови, 27 Лазарополе, 26 Пожаране, 20 Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, 9 Ѓуриште, 4 Крива Паланка, 3 Штип и Виница, 2 Берово, 1 Тополчани и Крушево.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.