Следи нѐ
To Top

Студеното време продолжува, утре наутро -22 степени

Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утре наутро ќе се спушти до минус 22 степени.

Според УХМР во Берово и Маврово ќе биде најстудено со минус 22, Демирк Капија минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11.

реклама

Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија.

Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет  четврток и минус 12 до минус 4 во петок.

Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег.  Темепратурата ќе се движи од минус 13 до минус шест степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.