Поврзи се со нас

Популарно.мк

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче повеќе од 24 часа се без вода

Вести

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче повеќе од 24 часа се без вода

До редакцијата на Популарно.мк пристигнаа неколку пораки од читатели од скопската општина Аеродром кои се жалат дека немаат вода скоро 24 часа.

На официјалната страница на ЈП Водовод и канализација стои известување дека поради уличен дефект ф400мм на ул. Димо Хаџи Димов бб (пред ПС Припор), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока зона на Аеродром и Лисиче.

Поради големиот студ дојде до пукање на водоводна цевка Ф-400 кај пумпната станица во Пинтија, која е одговорна за водоснабдевање на високата водоводна зона на Општина Аеродром. Поради дефектот, висококатниците на територијата на општинта останаа без вода.

Граѓаните на оваа урбана населба се жалат дека не можат да добијат информација од контакт центарот на јавното претпријатие, а според информациите на социјалните мрежи се очекува снабдувањето на вода да се нормализира дури утре, што значи дека граѓаните ќе останат без вода повеќе од 36 часа.

Револтирани, жителите на оваа скопска општина бараат информација од Водовод, како е можно во 21 век една метропола и урбана населба како Аеродром, да остане на минусни температури и во сезона на грип без вода повеќе од 24 часа.

Иако од „Водовод и канализација“ очекуваа до вечерва да продолжи редовното водоснабдување за овој дел од градот кој брои над 50.000 граѓани, сепак дефектот сѐ уште постои.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.