Поврзи се со нас

Популарно.мк

Три лажни признаци на вљубеност

Љубов

Три лажни признаци на вљубеност

Иако ја опишуваат како задоволување на основните човекови емоционални потреби, љубовта по се изгледа не е толку едноставна.

Знаете ли да ја препознаете љубовта?

Еве три знаци кои често ги поврзуваме со љубовта, но всушност укажуваат само на пријателство, флерт, загреаност и збунетост…

1. Забава

Ако Ви е забавно со партнерот, ако го сфаќа Вашиот хумор и Ве засмева, тоа не мора да значи дека сте вљубени и дека сте со „љубовта на Вашиот живот“.

2. Пеперутки

Фамозните „пеперутки“ во стомакот сите ги сметаат за знак на љубовта, иако тие се појавуваат и во разни други моменти. На пример, кога девојката купува нови чевли или пак, кога момчето следи неколку фудбалски натпревари, држејќи в рака ливче од спортска прогноза.

3. Страст

Доколку совршено Ви одговара в кревет и целосно Ве исполнува, тоа повторно не е знак на љубов, туку едноставно – сексуална хемија и компатибилност. Што, сепак, не мора да значи дека врската ќе успее ниту пак, дека ќе трае.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Љубов

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.