Поврзи се со нас

Популарно.мк

Прв пораз за македонските ракометари на Мундијалот во Франција

Ракомет

Прв пораз за македонските ракометари на Мундијалот во Франција

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Франција, откако вечерва во Мец загуби од Словенија со убедливи 29:22.

По двете победи во воведните две кола „црвено-жолтите“ против словенечката селекција беа немоќни да изборат позитивен резултат. Тоа се наѕираше уште во првото полувреме кога по 1:1 и 2:2, Словенија ја презема иницијативата и почна да ја зголемува разликата. По петнаесетина минути игра противникот веќе имаше плус 4, а на крајот на првиот дел водеше со 16:10.
На почетокот на второто полувреме избраниците на селекторот Лино Червар намалија на 11:16, но следуваше серија од три гола за словенечките ракометари. Највисоката предност на Словенците изнесуваше девет голови и тоа водство го имаа во повеќе наврати, последен пат 29:20, по што следуваа два гола на Македонците за конечни 29:22.

Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Кирил Лазаров со девет погодоци, Стојанче Стоилов посттигна три, Стефан Дрогришки два.

Во победничкиот тим најдобар поединец беше голманот Матеж Скок со 14 одбрани.

Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло вечерва играат уште и Шпанија – Ангола.

Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.

Табела: Словенија 6 бодови, Шпанија 4, Македонија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.