Следи нѐ
To Top

Вечерва повремен, а утре интензивен снег и дожд

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и релативно студена воздушна маса што ќе услови облачно време со врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег.

Како што соопшти УХМР, денеска ќе има повремен слаб снег, а на југоисток повремен слаб дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе се интензивираат.

реклама

Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 см. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 см нов снег. Во четврток околу пладне почнувајќи од запад врнежите постепено ќе престануваат.

Во Скопската котлина пообилни врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во ноќта кон четврток, а снежната покривка се очекува да се зголеми за околу 20 см.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.