//
Следи нѐ
To Top

Сообраќајот отежнат, забрана за камиони на Стража и Пресека

Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на повеќе патни правци. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патот Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

реклама

Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонија Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: