//
Следи нѐ
To Top

Втор пораз за македонската репрезентација на СП 2017

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец загуби од Шпанија со 29:25 во четвртиот свој настап на Светското првенство, но не разочара, напротив му даде силен отпор на фаворитот.

Првото полувреме по резултатските пресврти заврши нерешено 14:14. Десетина минути се играше гол за гол, потоа Шпанците направија плус три (8:5) во средината на првиот дел. Следуваа минути на избраниците на Лино Червар и израмнување на резултатот во 18.минута (8:8). Македонија не застана тука туку продолжи со атрактивна игра. Во 23.минута поведе за првпат со два разлика (11:9), а во 26.минута по двата двојни цепелина на Лазаров со крилата Манасков и Георгиевски, резултатот беше 14:11. Сепак до паузата фаворитот со серија од три погодоци ја анулира негативата.

реклама

Слично како и во првиот дел и првите десет минути помина со наизменично водство на двете страни, потоа Шпанија се „одлепи“ на два па на три гола разлика во 45.минута. Во следните пет минути во два наврата доаѓаше на минус еден, но следуваше серија на противникот, неколку неискористени напади за Македонците и поразот беше неизбежен.

Најефикасен во нашиот состав како по обичај беше Кирил Лазаров со шест голови, пет постигна Никола Маркоски. Во победничкиот состав се истакна Валеро Ривера со девет погодоци.

Македонија има половичен ефект од две победи и два пораза, додека Шпанците се со максимални четири победи.

На двете вчерашни средби од четвртата рунда во групата Б: Словенија – Тунис 28:28 и Ангола – Исланд 19:33.

Табела: Шпанија 8 бода, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Утре Македонија игра со Исланд во директен дуел за третото место во групата, што значи избегнување на домаќинот Франција во осминафиналето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: