//
Следи нѐ
To Top

Денеска е Меѓународен ден на снешкото

Идејата за овој празник е на германскиот колекционер Корнелиус Граетц, а датумот 18 јануари, не е избран случајно: единицата симболизира метла, а осумката – телото на снешко.

Празникот има за цел да ги расположи луѓето во студените зимски денови и да ги натера наместо да се плашат од снегот, да излезат надвор, да му се израдуваат и да направат барем една насмевната фигура.

реклама

Инаку, првиот нацртан снешко бил еврејски. Боб Екштајн, кој професионално ја проучувал историјата на снешкото за својата книга, открива дека првпат се појавил во црковно-богослужбената книга „Часослов” од 1380 година. Постоела и слика, на која можело да се види еврејски снешко, кој се топи до огнот, а во пасуси на страницата се опишани Христовите маки.

Во 1494 година владетелот на Фиренца, Пјеро Втори порачал од познатиот скулптор и сликар Микеланџело да направи снешко во дворот на Медичи. Иако се пронајдени премалку информации за неговиот труд, една критика од тоа време го опишува снешкото како неверојатно убав и совршен.

Денес, белиот пријател со широка насмевка е симбол на празниците и весела зима, но тоа не било секогаш така. Во 1511 година луѓето во Брисел живееле во глад и беда. Покрај тоа, требало да се справат и со „смртоносната зима”, која со екстремно ниските температури ги одземала животите на послабите. Властите тогаш одлучиле дека фестивал со снежни луѓе ќе биде идеален за подигнување на расположението. Не биле далеку од вистината. Но веројатно не го очекувале ваквиот резултат од наредбата: по фестивалот, градот бил преплавен со порнографски снежни скулптури, како и со карикатури на реномирани граѓани. Сепак властите не се замешале и оставиле креациите да стојат и да уживаат граѓаните и се надевале дека штом снегот се стопи, со него ќе се стопи и стравот на луѓето.

Првата фотографија на снешко е направена од Мери Дилвин во 1845 година, набргу откако е измислен фотоапаратот. Така, првата слика на снешко е и меѓу првите фотографии кои некогаш некаде се направени.

Снешкото им помогнал и на Французите во борбата против Прусија. Кога кралот на Прусија влегол со војска во Париз во 1870 година, двајца француски војници решиле да го кренат духот со снежни скулптури. На ѕидовите на тврдината на врвот тие ставиле еден снешко, а на друго место извајале огромна фигура со шапка, наменета да внесе страв кај непријателот. Се разбира, снежните сили не биле доволни за победа и Прусија ја добила војната од 1870 година, но барем француските војници до последно не паднале со духот.

Инаку, највисокиот снешко во историјата е Американец. Во градот Бетел, во Мејн, уште во 1999 година се „родил“ Ангус, кралот на планината, кој е именуван така во чест на тогашниот гувернер на државата – Ангус Кинг. Снешкото бил висок 34,62 метри и тежел над четири тони.

Бидејќи со години никој не го подобрил овој рекорд, во 2008 година жителите на Бетел решија сами да се надминат и направија снешко со висина од 37,21 метри. Снешкото доби име Олимпија Сноу, повторно во чест на гувернерот на државата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: