Следи нѐ
To Top

Водици во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бог се јави!

Меѓу стотината капачи кои скокнаа во осветените води на реката Вардар, највешт беше охриѓанецот Бобан Павловски кој прв стигна до крстот што во осветените води го фрли Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

реклама

Бобан Павловски доби вредни подароци од МПЦ, градоначалникот на Скопје Коце Трајаноски, премиерот Емил Димитриев, кумот на Водици, угостителот Димитрија Јовановиќ, како и од спонзорите на манифестацијата.

– Не е доволно да бидеме само крстени, да ја примиме светата тајна, туку е потребно да живееме според законите и заповедите на верата, да создаваме дела достојни на името што го носиме, а тоа пред се подразбира нашиот живот да го красат човекољубието и богољубието зашто не можеме да го сакаме Бога, а да ги мразиме луѓето. Како христијански народ, посебно оваа наша генерација, да се прашаме дали ја исполнуваме најсветата обврска и пред родот и пред Бога, дали во нашите постапки го има потребното човекољубие и родољубие и колку нашите меѓусебни односи го потврдуваат нашето богољубие, истакна г.г. Стефан.

133532047 133532045 133532041 133532043 133532039 133532038 133532036
<
>

За фаќање на крстот во Скопје беа пријавени над 100 граѓани, а кум на манифестацијата беше Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Богојавление – Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.