//
Следи нѐ
To Top

Најмногу снег и најстудено во Маврово – од утре разведрување со многу ниски температури

Највисока снежна покривка од 85 сантиметри, изутринава во седум часот е измерена во Маврово, 62 во Лазарополе, 61 во Пожаране, 43 во Ѓуриште, 41 во Крушево, 38 во Тетово, 31 во Берово, 30 во Демир Капија, 25 во Дебар и Тополчани, 22 во Скопје, 20 во Куманово,  16 во Струмица, 14 во Крива Паланка,  13 во Претор, 11 во Прилеп,  8 во Штип, 4 во Виница и 2 сантиметри во Охрид.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено изутринава е во Маврово каде се измерени -6 степени,  -4 се измерени во Лазарополе, Ѓуриште, Дебар, Пожаране, Крушево, -3 во Тополчани, Крива Паланка, Берово и Претор, -2 во Прилеп, Куманово, Тетово и Скопје, -1 во Виница, 0 во Струмица, Битола, Демир Капија, Гевгелија, Охрид и Штип и 1 степен во Дојран.

реклама

Како што информира УХМР,  денеска времето ќе биде претежно облачно со појава на магла во Струмичко и повремени слаби до умерени врнежи од снег, особено во источните и јужните делови. На север и на повисоките места дува поинтензивен ветер од северен правец.

Во источните и јужните делови од државата ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, кои претпладне ќе бидат поинтензивни. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието и во источните делови ќе биде северен, а кон запад ќе е претежно североисточен.

Температурата денеска ќе се движи во интервал од -2 до 2 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег кои од пладневните часови ќе престанавуаат, а ќе дува и слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата денеска ќе биде до 0 степени.

Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно, со се повеќе сончеви периоди, но и се пониски утрински температури. За време на викендот утринската температура ќе биде во интервал од -12 до -5, а наутро понекаде во долините ќе има и услови за појава на краткотрајна магла.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.