Поврзи се со нас

Популарно.мк

Доналд Трамп стана нов претседател на САД

Вести

Доналд Трамп стана нов претседател на САД

Доналд Трамп денеска во Вашингтон положи заклетва како 45-ти претседател на САД.

– Свечено се колнам дека во добра вера ќе ја извршувам должноста претседател на САД најдобро што можам, ќе го чувам, штитам и бранам Уставот на САД. Бог нека ми биде на помош, изјави Трамп, положувајќи заклетва.

Претходно, новоизбраниот потпретседател на САД Мајк Пенс исто така положи заклетва.

Трамп беше претседателски кандидат на Републиканската партија на изборите на 8 ноември 2016 година. Претходно во два мандата функцијата шеф на државата ја извршуваше Барак Обама од Демократската партија.

На претседателските избори одржани во ноември минатата година, Трамп ја победи кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон со мнозинство електорски гласови, иако Клинтон доби речиси три милиони повеќе гласови од граѓаните. Тоа е петти таков случај во историјата на САД.

Трамп е највозрасна личност која стапила на функцијата претседател на САД и прв без претходно искуство во американската влада или армија.

Списанието „Форбс“ во 2016 година го постави Трамп на 324 место на најбогати луѓе во светот со проценка за неговото богатство од 4,5 милијарди долари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.