Поврзи се со нас

Популарно.мк

Среќен роденден Тоше!

МК Сцена

Среќен роденден Тоше!

Мил Тоше,

Ти беше на патот на твојата светска кариера, во најубавите години, подготвен за сите предизвици кои те чекаат, за сите нови песни кои чекаат да бидат напишани, за сите срца кои чекаат да го слушнат твојот глас, за сите кои чекаат една прегратка и автограм…

Денеска, без твое присуство, цела Македонија го празнува твојот роденден. Сите мисли се насочени кон една, мислејќи на тебе. Илјадниците од Македонија и останати милиони од Балканот и светот ги слушаат твоите песни, чувствувајќи немир во своите срца. Но, само тебе те нема. Не можеш да ги играш твоите игри без граници, надевајќи се на будење во свет на љубов, во кој ќе можеш да помирисаш полски цвеќиња и една цреша… и да огрее сонце во твоите коси, ниту да ја видиш месечината.

За жал, повеќе не можеме да те погледнеме во очи и да ја видиме хуманоста, искреност, чесноста, љубовта кои виреат во тебе. Живееме во свет каде што навистина ни е потребен Тоше кој ќе не обедини и ќе ни помогне, бидејќи стануваме бездушни, насилни луѓе кои немаат ни благодарам. Те нема тебе, да помогнеш на тие кои имаат потреба од помош. Единствено ти ја имаше вољата за хуманост и помош за овој свет. Ех, да можеше повторно да ни се вратиш. Сега, некаде далеку на небото пееш со твојот ангелски глас и велиш Боже, чувај ги од зло.

Иако не си тука, остануваш со нас заедно со твоите дела кои засекогаш ќе останат врежани во нас, а ова писмо, се e ова е премалку за крај.

Среќен роденден ангелу!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.