Поврзи се со нас

Популарно.мк

Два земјотреси регистрирани во Скопје

Вести

Два земјотреси регистрирани во Скопје

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2.1, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје, регистриран е вечерва во 18 часот и 4 минути. Земјотресот е  почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотрес со  Рихтерова локална магнитуда од 1.9 беше регистриран и попладнево во 16 часот и 28 минути, исто така во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресите се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.