Следи нѐ
To Top

Џастин Бибер не е обожавател на музиката на Викенд

Канаѓанецот Џастин Бибер изгледа дека не може „ни да ја слуша“ музиката на својот сонародник Абел Тесфаје, кој во јавноста се претставува како Викенд, наведува порталот Ти- Ем – Зи.

Музичарот Викенд (The Weeknd) наводно веќе еден месец се забавува со поранешната девојка на Бибер, Селена Гомез, по што репортерите на порталот Ти – Ем-Зи кои се занимаваат со темите од светот на познатите, го прашале Бибер дали му се допадна неговата нова песна.

реклама

– Не човече! Тоа е многу лоша музика!, возврати Бибер, снимено од страна на камерите.

Селена Гомез и Абел Тесфаје се видени во Санта Моника пред ресторанот „Џорџо Балди“’ каде се фотографирани во прегратка, разменувајќи бакнежи. Некои извори истакнуваат дека поминале три часа заедно сами, па не е ни чудно што на Бибер не му се допадна музиката на новиот избраник на Селена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.