//
Следи нѐ
To Top

Пијан маж се заканил дека ќе истрела ракети во Владата

Маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави вчера во 17:40 од мобилен телефон се јавил на телефонскиот број 192 и рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

МВР, како што се наведува во соопштението, веднаш постапила и ги презела сите оперативно тактички мерки и го пронашла мажот.

реклама

Тој бил однесен во полициска станица каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Во текот на вчерашниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен.

Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител, соопшти МВР.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: