//
Следи нѐ
To Top

ЏОЛИ СЕ СОЖАЛИ: Бред може почесто да ги гледа своите деца

Откако Бред Пит (53) и Анџелина Џоли (42) постигнаа договор својата приватност да ја чуваат далеку од очите на јавноста, актерката на поранешниот сопруг му дозволи да поминува повеќе време со нивните деца.

Како што јави Пипл, Пит во последно време се почесто и подолго време ги гледа своите шест деца – Медокс (13), Пакс (13), Захара (11), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8).

реклама

– Тој делува многу посреќно. Многу му недостасуваа децата. Тие се неговиот живот и единствено што му е важно, рече извор близок на актерот.

Да потсетиме, неодамна на насловната страна на таблоидот Стар се појави бомбастичен наслов каде Бред наводно се преселил кај актерката Кејт Хадсон (37), а нејзиниот брат Оливер за целата ситуација реагирал на Инстаграм.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: