//
Следи нѐ
To Top

Груевски го враќа мандатот – Иванов треба да го избере новиот мандатар

Груевски денеска треба да го врати мандатот кај претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Иако во Уставот не е детално прецизирано, Иванов ќе има рок од десет дена да му го даде мандатот на друг мандатар односно или ќе се определи за друг член на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на политичкиот преседан направен во 1992 година, или ќе му го даде на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како втора партија по освоени пратенички места.

реклама

Новиот мандатар ќе има нови 20 дена за да ја состави новата влада, што според роковите би било во средината на март.

Инаку вчера беше објавено дека двете победнички партии од македонскиот и албанскиот блок – ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да постигнат договор за формирање на нова влада.

– „ДУИ денеска не донесе одлука по која било од петте опции кои ги разгледувавме на дебатата во партијата и немаше аргументи за да се одлучиме за ниту една од нив“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, изјавија дека нови избори се зрело решение за излез од оваа криза:

– „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план. Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели“, соопшти партијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: