Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДУИ: Нема доволно аргументи за одлука за нова влада

Вести

ДУИ: Нема доволно аргументи за одлука за нова влада

ДУИ денеска не донесе одлука во однос на која било од петте опции – коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да се оди во опозиција или на нови избори, изјави вечерва портпаролот на Демократската унија за интерграции (ДУИ) Бујар Османи, по седницата на Централното претседателство на партијата.  

– Од пред неколку недели ДУИ започна сеопфатен процес на консултации со членството од различните форуми, внатре во партијата и со наши пријатели надвор од партијата и од меѓунардоната заедница за да дебатираме во однос на петте предлози кои претседателот Ахмети ги постави како можни после резултати од изборите на 11 декември, изјави Османи.

Дебатата, според него, била корисна, конструктивна и добронамерна за да се донесе најдобрата и најздравата одлука за сите граѓани на Република Македонија.

– Од последните состаноци на претседателството на партијата тоа што едногласно заклучивме и одлучивме е дека таа дебата не може денеска да биде исцрпена и дека немаме доволноа аргументи да се определиме за која било од петте опции кои што беа ставени како предмет на дебата. Останува во наредните денови да продолжиме во однос на оваа аргументација за да можеме да ја исцрпиме дебатата да може одлуката да биде што покорисна за граѓаните за Република Македонија. Сите опции остануваат отворени, рече Османи.

Портпаролот на ДУИ рече дека на партијата и е битен договорот кој што го има потпишано со Албанците.

Во изминатите три дена ДУИ водеше внатрепартиски консултации, но и разговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за формирање на нова влада.

Рокот за составување на нова влада истекува на полноќ откако на 9 овој месец претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на партијата која на предвремените парламентарни избори освои најмногу гласови.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.