//
Следи нѐ
To Top

Заев очекува Иванов да му додели мандат за формирање влада

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање нова влада. Според него, сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата. Убеден е дека ќе формира парламентарно мнозинство и вклучително влада.

– ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ и официјално ја изгуби можноста да формира влада. Јасно и за домашната и меѓународната јавност е дека веќе 50 дена од денот на изборите граѓаните избраа промени и оти неопходно е да се формира влада што ќе ја одразува мнозинството волја на сите граѓани. На Република Македонија и е потребна влада што ќе ги обединува граѓаните наместо да ги дели. Потребна е стабилна и одговорна влада која ќе го подобри квалитетот на живот на сите луѓе во државата и ќе води реални политики. Влада што ќе ги обезбеди стратешките интереси на граѓаните и на Македонија, а тоа се придвижувања кон евроатлантските интеграции, истакна Заев.рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ.

реклама

Тој додаде дека се подготвени и целосно посветени на формирање влада која ќе ги спроведе реформите предвидени во Догоровот од Пржино и итните реформски приоритети  констатирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија. Тоа, според него, ќе обезбеди владеење на правото и поставеност на институциите исклучиво во служба на граѓаните.

– Таа Влада ќе гарантира дека сите граѓани без разлика на етничката или политичката припадност ќе имаат еднакви права и обврски пред законот и институциите, истакна Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставот на СДСМ за платформата на албанските партии, рече дека имаат став, но дека ќе го искажат откако ќе го добијат мандатот.

Во однос на тоа дали имаат решенија доколку Иванов не му го додели мандатот, Заев рече дека секогаш постои решение и дека секогаш постојат алтернативни решенија. – Не треба да губиме ни ден повеќе. Македонија ги очекува промените, тие ќе се случат и навистина апелирам до Иванов час поскоро да го додели мандатот. Само тоа е уставно и само тоа е очекувано. Партијата или коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ не успеа да формира влада и логично е мандатот да биде даден на втората по мандат во Парламентот, а тоа е коалицијата предводена од СДСМ. Согласно тоа мандатите и мнозинството, како и платформата за влада се обезбедуваат по пат на разговори. Тоа досега ние немавме можност да го обезбедиме. Убеден сум дека ќе го формираме парламентарното мнозинство и новата влада, рече Заев.

За тоа дали имало разговори со ДУИ, рече дека синоќа немало, но оти во претходните денови имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.