Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нема договор за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Вести

Нема договор за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат.

– ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Секое друго решение, како што се посочува натаму, само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на чии било програмски цели.

– Очигледно некој сака да се занемари волјата на мнозинството граѓани и да ја втурне Македонија во некоја нова неизвесна фаза од нејзиниот развој, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека останува на своите принципиелни позиции по однос на стратешките прашања од државен и национален интерес и Прогласот усвоен на 17 декември 2016-та година.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.