Поврзи се со нас

Популарно.мк

Документарен филм за разделбата на Џоли и Пит

Сцена

Документарен филм за разделбата на Џоли и Пит

Цел свет во 2005 на големиот екран ги виде првите искри што ја разгореа љубовта помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли, во филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Денес историјата се повторува: Ќе се снима документарен филм, но за разделбата холивудските ѕвезди, пишува таблоидот „Сан”.Документарецот е дело на истражувачкиот новинар Ијан Халперин, кој вети дека ќе ги разоткрие сите подробности околу несреќниот крај на „Бранџелина“.

Халперин тврди дека поранешните љубовници живееле разделени повеќе од една година пред Џоли да поднесе барање за развод.

– Ијан го проследи секое кашлање и кивање на Џоли и Пит во текот на годините и ќе ги открие причините за нивниот развод, тврди извор на „Сан“.

Бред и Анџелина моментно се актуелни со процесот околу нивниот развод, и документарниот филм е последното нешто коешто им треба. во овие моменти, коментираат американските таблоиди.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.