//
Следи нѐ
To Top

Нивото на Охридско Езеро под дозволениот минимум

Нивото на Охридското Езеро од утрово е пет сантиметри под дозволениот минимум, а водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани од вчера е намален за 55 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наредниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте.

реклама

Дозволениот минимум на Охридското Езеро е на котата 693,10 метри, а утрово беше 693,05 метри.

Водостоите на реката Вардар во седум часот утрово биле, 90 сантиметри кај Јегуновце, 44 кај Скопје, 75 кај Велес и 1,1 метар кај Демир Капија што, наведува УХМР, е подпросечна вредност за јануари. Иста е состојбата и на Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Струмица, Црна Река и Сатеска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: