Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најавени изведувачите на доделувањето на наградите Греми

Шоубиз

Најавени изведувачите на доделувањето на наградите Греми

На овогодишното доделување на наградите „Греми“ заедничи настап ќе имаат неколку музички ѕвезди, соопшти организаторот на манифестацијата „Рекординг академи“.

Така, заеднички настапи ќе имаат електронското музичко дуо „Дафт панк“ и канадскиот пејач Викенд, Алиша Киз и Марен Морис, како и Андерсон Пак со „A Tribe Called Quest“ и Дејв Гроло.

На церемонијата на доделување на наградите се најавени настапи и на Адел, Џон Леџенд, Бруно Марс, „Металика“, Кери Андервуд и Кит Урбан.

Домаќин на манифестацијата, што ќе се оддржи на 12 февруари во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, ќе биде Џејмс Корбен.

За популарното дуо „Дафт панк“ ова ќе биде прв настап во живо по 2014 година, кога последен пат се појавија на сцена на тогашното доделување на наградите „Греми“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.