//
Следи нѐ
To Top

Саудискиот принц ги возел своите птици – соколи во авион

Фотографија која ја направи член на екипажот на „Катар Ервејс“ привлече многу внимание на „Редит“, а потоа и во светските медиуми. Саудискиот принц смести 80 свои соколи во економската класа, меѓу патниците.

Во придружниот коментар на корисникот кој ја постави фотографијата, пишуваше: „Мојот пријател капетан ми го испрати ова…“.

реклама

Колку и да делува чудно, не е во прашање невообичаена пракса. „Катар Ервејс“ регуларно ја нуди таа услуга во економската класа.

Во правилникот на „Катар Ервејс“ постои поглавје кое се однесува токму на соколите. Тоа е наведено и на официјалниот сајт, на страницата која се однесува на животни и миленичиња: „Во кабината на економската класа можете да внесете еден сокол, а максимално шест птици може да претстојуваат во таа кабина (локалните прописи на трансфер земји се применуваат)“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.