Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Дипеш мод“ објави нова песна по четири години (видео)

Музика

„Дипеш мод“ објави нова песна по четири години (видео)

Култниот британски состав „Дипеш мод“ денеска ја промовираше песната „Where’s The Revolution“, како пилот нумера на нивниот 14-ти студиски албум „Spirit“, кој ќе биде официјално објавен на 17 март.

„Where’s The Revolution“ е прва нова нумера на „Дипеш Мод“ по четири години.

– Безусловно сме горди на звукот и енергијата на албумот „Spirit“ и возбудени што ќе се вратиме на турнеја за да можеме албумот да го споделиме со обожавателите во целиот свет, истакна фронтменот на бендот Дејвид Ган.

На ова издание, групата првпат соработуваше со продуцентот Џејмс Форд.

„Дипеш мод“ во рамките на претстојната турнеја ќе оддржи 32 концети во 21 држава. Турнејата почнува на 5 мај во Шведска, а продолжува со концети во Италија, Франција, Шпанија, Унгарија, Словенија, Русија и во други држави, додека завршницата е во Романија на 23 јули.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.