Следи нѐ
To Top

ЗАБРАНАТА УКИНАТА: Македонската музика од денес повторно во етер

Укината забраната – македонска и српска музика се враќа во етер

Одлуката за забрана за емитување на авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП донесена на 17.09.2016 г. се става вон сила од полноќ, пренесува ТВ Пакет.

реклама

Тоа значи дека од утре македонските радија и телевизија се враќаат со стандардната програмска шема на македонски и српски песни. Тоше, Каролина, Калиопи, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ, Нокаут, Брејк, Рибља чорба, Цеца, Северина… се враќаат.

Авторите чии права ги штити ЗАМП, свесни дека со забраната ги лишија македонските корисници од задоволството да слушаат домашна музика, се уверени дека никогаш повеќе нема да се повтори таков чин, кој беше израз на револт против незаконските постапки на надлежните институции.

„Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП, надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарува на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната и со тоа дадоа безрезервна поддршка на авторите да ги остварат нивните загарантирани уставни и законски права.

Согласно договорите за реципроцитет и колективните организации SOKOJ- Србија, HDS ZAMP– Хрватска, SAZAS–Словенија, PAM-Црна Гора, AMUS-Босна и Херцеговина и RICOM Publishing лиценциран партнер на групацијата Univerzal Music Publishing (за териториите на Србија,Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) исто така ја ставаат вон сила и нивната забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од нивниот репертоар.“ – стои во соопштението на ЗАМП.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.