Поврзи се со нас

Популарно.мк

МЕТЈУ МЕКОНАХИ: Време е да се прифати Доналд Трамп

Сцена

МЕТЈУ МЕКОНАХИ: Време е да се прифати Доналд Трамп

Холивудскиот актер и Оскаровец Метју Меконахи смета дека граѓаните на САД треба да го „прифатат претседателот Доналд Трамп“.

Својот став го претстави во текот на интервјуто за Би-Би-Си по повод промоцијата на својот нов филм „Gold“. Новинарот Андреј Мар констатираше дека многу холивудски актери не го сакаат Трамп прашувајќи ја ѕвездата од „Интерстелар“ дали е време да му се даде шанса на Трамп.

– Па, сега повеќе немаат избор, затоа што тој е наш претседател. Мислам дека е време да го прифатиме, да се „поздравиме“ со тој факт за да бидеме конструктивни во текот на наредните четири години. Без оглед на тоа колку луѓе со него се согласуваат, тој ќе биде наш претседател најмалку четири години, рече Метју Меконахи.

Изјавата на актерот предизвика бран негодувања на социјалните мрежи, кои главно се однесуваат на неговата боја на кожата и богатството заради кои, како што се тврди, тој нема да  ги почуствува контроверзните одлуки на Трамп.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.