//
Следи нѐ
To Top

Одбележување 145 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со повеќе активности денеска се одбележува 145-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Драган Данев, Петар Атанасов и Владанка Авировиќ, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, ќе положат цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

реклама

Еден час подоцна, делегациите од Собранието на РМ и од Советот на Град Скопје ќе положат цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: