//
Следи нѐ
To Top

Бекам уценет со милион фунти по хакирањето на неговите приватни мејлови

Некогашната ѕвезда на англискиот и на светскиот фудбал, Дејвид Бекам (41) бил уценет да плати еден милиони фунти, откако биле хакирани неговите, неколку години стари, мејлови и електронската пошта, што се наоѓале во комјутерскиот систем на ПР агенцијата со која долги години соработува фудбалерот, пишува лондонски „Дејли Мирор“.

Станува збор за илјадници пораки и писма што Бекам ги разменувал со фирмата која ја води Симон Оливеира, чии експерти делуваат како советници на фудбалерот и во кои тој имал голема доверба.

реклама

Во пораките се наоѓаат и неговите навредливи коментари за британската владина комисија за одликување, а посебно неговите забелешки за одликувањето што во 2014 година го има добиено, популарната британска оперска пејачка Кетрин Џенкинс, откако Бекам не се нашол на листата и нема добиено орден што би му овозможило да ја носи почесната титула „сер„.

– Ама за што и е доделен орден на Џенкинс, па таа пее само по рагби мечеви и посетувајќи ги британските војници на фронтовите, напишал Бекам, забележувајки дека нејзиното одликување е „незаслужено“ и давајќи вулгарни коментари за оние кои ја определиле да биде одликувана.

Ваквите коментари од Бекам кој одбегнува да биде вовлечен во каков било скандал и неколку години е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, а во јавноста е прикажан како човек посветен на семејството, предизвикаа бурна реакција во лондонските медиуми.

Бурно реагираше мецо-сопранот Џенкинс, чиј агент за врски соопшти дека нема има демант на дисквалификациите на Бекам. Наместо тоа, на медиумите им се дадени „заслугите“ на пејачката, за која се знае дека е мошне популарна кај весниците, посебно таблоидите, кои најчесто ја прикажува како „патриот“ и кои сметаат дека таа заслужено била одликувана.

Бекам сега признава дека она што го напишал во меил пораката до Оливеира е точно, но вели дека било изречено во момент на лутина и разочарување, но и открива дека целото јавно осрамотување на популарниот фудбалер е последица на одбивањето да ја плати уцената, што првпат му била упатена уште на почеткот од минатата година.

„Дејли Мирор“ сега открива дека Бекам и ПР фирмата се жртви на кибер напад и хакирање, а дека за тоа биле користени руски сервери. Било навлезено во компјутерскиот систем и во огромниот број пораки и писма, во сметките и деловите работи што фудбалерот ги имал со фирмата на Оливеира.

Уценувачите барале пари и преку електронска пошта, преку трета страна, барале од Бекам да плати доколку не сака јавнста да разбере што тој пишувал и зборувал со своите советници.

– Плати милион фунти или се ке биде објавено, гласела една од пораките.

Фирмата и фудбалерот ја известиле полицијата и побарале заштита, кога станало јасно дека хакерите се вовлекле и во софтверот на една португалска ПР фирма, која всушност, е филијала на фирмата на Оливеира.

Кога Бекам, конечно, одбил да плати, неговата „валкана“ пошта почнала да се појавува.

Лондонскиот весник пишува дека уцените оделе преку име Артем Ловузов, за кое се претпоставува дека можеби и не е вистинско.

Претставник на ПР фирмата изјавил за „Дејли Мирор“ дека во сето тоа, Бекам се наоѓа во „вкрстен оган“ . Тој е жртва на хакирање и на уцена, но во домашната јавност е соочен со лутината на сите оние што можеби како оперската пејачка ке се најдат погодени од неговите коментари, изнесени приватно до луѓето со кои работи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: