Поврзи се со нас

Популарно.мк

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС: Влезници за „Златна бубамара на популарноста“ ќе се продаваат само на интернет

МК Сцена

ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС: Влезници за „Златна бубамара на популарноста“ ќе се продаваат само на интернет

Популарното скопско „Радио Бубамара“ го објави постерот за јубилејното 20. издание на хумористично-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“. Најпопуларната и најгледана манифестација, која на музички начин ја раскажува изминатата година, ќе се одржи на 20 февруари во „Метрополис арена“.

Во изминатите години постерите станаа дел од имиџот на манифестацијата и ова е првиот од серијата постери што се подготвуваат за јубилејното 20. издание. Годинава, со мото „Што ќе биде, нека биде!“ во Штабот на „Златна бубамара на популарноста“ одлучно стојат на ставот „Пари не ви враќаме!“

Еден дел од билетите „Радио бубамара“ обезбеди и за гледачите кои сакаат да бидат насмеани и да уживаат во живо во „Метрополис арена“. Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба, и тоа во петок, 10 февруари, во 12 часот, преку „МК Тикетс“, а ќе може да се купат најмногу до 4 билети.

Порано, кога билетите се продаваа пред Универзална сала, имаше редови и истите се продаваа за 1 час, а последните години, преку он-лајн продажба, тоа се случуваше за само 9 минути, велат од „Радио Бубамара

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.