Следи нѐ
To Top

НЕВЕСТИНСКА МОДА ВО МЕРИОТ: Идните невести одбираа совршен фустан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Петтата модна ноќ на невестите под мотото „ REAL VENUE FOR REAL BRIDES“ , вчеравечер ја отвори ревијата на салонот за венчаници „Зиане“ со креација која ја носеше познатата тв водителка Милена Антовска во „Скопје Мериот хотел“.

„Инспирацијата за колекцијата ја добив замислувајќи ги идните невести како од спортската дневна линија на облекување се трансформираат во гламурозен изглед за специјалниот најубав ден во животот“, објаснува дизајнерката Зиане Бакиу.

реклама

Веднаш потоа Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ ги прикажа креациите од „Timeless beauty“ за кои вели „акцентот е ставен на женската силуета која суптилно се назира во прозрачните материјали: француската свила, најмекиот тул, богато везени тантели и цврсти брокати надополнети со многу рачно изработени детали. Цветните принтови и 3Д форми повторно ги надополнуваат лелеавите здолништа.“

DB2C6373 DB2C6614 DB2C6850 DB2C6971 DB2C7488 DB2C7873
<
>

„Elizabet design studio“ инспирирано од животната енергија симболично ја нарече новата колекција „ВИГОР“. Автентичен авангарден израз за невести кои имаат личен стил, смели да се вклопат во современиот стил на живеење каде покрај естетиката важен е и комфорот. Изборот на материјали е внимателно селектиран и придонесува оваа година венчаниците да бидат во винтиџ стил, осовремен со модерен израз.

На овогодинешниот „The Bridal Fashion Night“ учество земаа и ателјето „Vlora&Kaltrina“ како и косовската модна куќа „Менакон“ која вчеравечер претстави гламурозна колекција наречена „BROF“ со раскошни венчаници низ кои се прелева палета од бои и луксузни материјали.

Вечерта во организација на Моден викенд Скопје ја затвори ревијата на дизајнерката Јасмина Дракул.

„Инспирацијата за колекцијата ја црпев од моќноста и уникатноста на гламурозните венчаници и тоалети на кралските семејства, поврзана со лежерниот романтизам со цел да се долови тој гламурозен изглед на нашите постори по кој многумина мечтаат. Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден.“, вели Дракул.

„Скопје Мериот хотел“ е местото со дизајнерски уреден и високо стилизиран ентериер што на свадбената веселба и дава есктравагнатен амбиент. Сите брачни двојки кои ќе ја организираат прославата токму таму, добиваат ексклузивен подарок- првата брачна ноќ да ја поминат во една од уникатните соби во хотелот.

„ Големата посетеност на модната ноќ на невестите (The Bridal Fashion Night) уште еднаш ни покажа дека на Македонија и треба ваков настан и дека идните невести со уживање го одбираат својот омилен фустан. Презадоволни сме од реакцииите на публиката и учесниците на настанот.“, велат организаторите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.