Следи нѐ
To Top

Туризмот засега без поголеми штети од блокадата на Евзони

Туристичките работници засега не трпат штети од блокадата на граничниот премин Евзони, но сметаат дека овој проблем треба што поскоро да се реши.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, загубите се минимални, но тоа е така зашто не е ек на сезона, а и допрва се прават аранжманите.

реклама

– Во тек се подготовките за новата туристичка сезона и затоа засега загубите се минимални. Директно немаме речиси никакви штети. Но, сакаме проблемот побрзо да се реши бидејќи ги отежнува останатите гранки од стопанството, истакна Асим Меџедовиќ од Здружението за угостителство и туризам при Комората.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.