Следи нѐ
To Top

ЈА СКРШИ НАГРАДАТА НА ДВА ДЕЛА: Адел апсолутен победник на овогодинешните „Греми“ награди

Неизвесност до самиот крај – сѐ до последниот момент од синоќешното издание на наградите Греми, не се знаеше која од двете ѕвезди, Бијонсе или Адел ќе ги освои Греми наградите за албум и песна на годината.

На крајот, Адел беше апсолутна победничка со албумот „25” и песната „Hello” кои и донесоа вкупно 5 награди, со што го повтори успехот од 2012 година.

реклама

Интересно е тоа што Адел изјави дека наградата за Албум на годината треба да ја добие Бијонсе, по што ја скрши статуетката на два дела и едниот и го даде на својата колешка.

Од друга страна, Бијонсе оваа година имаше дури 9 номинации и освои две награди: Најдобар музички спот за “Formation” и Најдобар урбан современ албум “Lemonade”.

Погледнете дел од нејзиниот впечатлив настап.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.