Следи нѐ
To Top

Фејсбук автоматски ќе пушта звук на видеата

Во изминатиот период Фејсбук вредно работеше на што подобра промоција на видео содржините.

Со измените корисниците на најпопуларната социјална мрежа, незвисно дали тоа им се допаѓа или не, ќе ги гледаат видео снимките со звук кои автоматски ќе почнат да се прикажуваат.

реклама

И претходно во еден период видеата сами стартуваа, што доведе до се поголем број на „неми филмови”, односно реклами без звук, бидејќи издавачите станаа свесни дека многу гледачи на тие содржини не сакаат да слушаат звуци. Подоцна е воведена опција за исклучување на автоплеј.

Оваа опција и тоа со звук повторно автоматски ќе се појавува, додека компанијата врши тестови на ограничен број на корисници. За сега имаат позитивни реакции, порачаа од компанијата.

– Со овој апдејт звукот се појавува и исчезнува додека прелистувате преку видеата, со што тие оживуваат, објави од Фејсбук на својот блог.

За несреќа, ако на телефонот ви е исклучен звукот, ни звукот на Фејсбук нема да се слушне, а во поставките на апликациите ќе можете и сосема да го исклучите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.