Следи нѐ
To Top

Жените кои го гледале „Педесет нијанси потемно“ се посклони кон неверство

Едно неодамнешно истражување открива дека меѓу жените кои го гледале филмот „Педесет нијанси потемно“, постои поголема веројатноста дека ќе ги изневерат своите партнери, а причината е многу интересна.

– Со првото продолжение на еротската трилогија се зголеми интересот за груб секс и употреба на секс играчки меѓу женската популација. Со второто продолжение кај жените се зголеми интересот за дружење со друг маж, се наведува во резултатите од истражувањето, при што се додава дека „токму тоа инспирирало илјадници жени да извршат неверство“.

реклама

Според истражувањето, во првите денови на прикажување на филмот кој во кината стигна на 14 февруари, забележан е пораст на женски членови на онлајн страниците за запознавање оженети мажи и тоа за 33 отсто.

Но, тоа не е се. Голем број испитаници откриле дека секс сцените во филмот ги навеле на размислување „колку нивниот сексуален живот е здодевен, па дури и очаен“.

Токму тоа било една од главните причини зошто се одлучиле на неверство, стои во истражувањето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Љубов

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.