Поврзи се со нас

Популарно.мк

Ова моментално е најомразениот човек на интернет (ВИДЕО)

Интернет

Ова моментално е најомразениот човек на интернет (ВИДЕО)

Пред неколку дена на социјалните мрежи почна масовно да се споделува видео, кое го објави „The Scene“ под наслов „Why They Cheated: Two Exes Confront Each Other About Infidelity“.

Тоа што следи може да се нарече седум минути чист емотивен терор, со кој се соочува една девојка за која се верува дека се вика Кортни, а која во видеото се обрати до нејзиното лажливо поранешно момче, за да дознае зошто ја изневерувал.

Кортни во една прилика го затекнала и со друга жена во кревет, по што тој ја замолил да оди во друга соба, а призна и дека не зна е колку пати ја измамил, бидејќи „едноставно не броел“.

И покрај неговиот безкрупулозен настап, а понекогаш дури и украдена насмевка,  девојката е многу вознемирена, но тивка, и на крајот дури објасни дека ништо не му забележува, затоа што го смета за најдобар пријател.

На интернет не требаше долго време за да почне да се реагира на емотивното видео и логично, сите застанаа на страната на таинствената убавица, а однесувањето на ваквиот „мажјак“ не наиде на одобрување. Еден од најдобрите коментари на Твитер гласи вака: „Сега тој никогаш нема да најде девојка, затоа што цел свет знае дека е лажливец“.

За тоа време, Куртни се огласи на Твитер за да се заблагодари на поддршката и на сите им образложи дека сега е во искрена врска и среќна како никогаш порано.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.