//
Следи нѐ
To Top

ЧУДА НА ПРИРОДАТА: Овие места изгледаат како да не се од овој свет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Азија има мошне вкусна кујна, неверојатни градби и архитектура, но и природни убавини, кои секој сериозен светски патник треба да ги види барем еднаш во животот.

Врзете ги појасите, полетуваме!

реклама

Кинеските планини во бои на виножитото

Шесте планини на геолошкиот парк Џанг Данси во Кина од 2010 година се наоѓаат на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тие настанале пред неколку милиони години со поместувањето на тектонски плочи, а природата со текот на времето создала неверојатни сцени во боите на виножитото.

Највисокиот слатководен систем во Непал

Искачувањето на Монт Еверест е неверојатно искуство, но не е за секого. Наместо тоа уживајте во прекрасниот поглед на шесте глечерски езера на планината Гокјо Ри (5357 метри), кои има тиркизна боја. Тие опфаќат околу десет километри и се сметаат за највисок слатководен систем во светот.

„Брдо на чоколадите“ на Филипините

Задолжително посетето го и националниот геолошки споменик  на Филипините – чоколадното брдо на островот Бохол. На педесетина квадратни километри се наоѓаат нешто повеќе од 1.700 брда, кои настанале со ерозијата на карпите, а препознатливата боја на чоколадо ја имаат во времето на суша.

Камелеонски езера во Индонезија

Планината Келимуту на островот Флорес во Индонезија ја китат три кратерски езера кои ја менуваат бојата во согласност со годишните времиња, временските услови и составот на минералите. Токму затоа геолозите им препишале камелеонски карактеристики, па никогаш не знаете што ќе затекнете кога ќе се искачите до нив.

Монументална пештера во Виетнам

Се претпоставува дека Сон Џунг, која е на границата меѓу Виетнам и Лаос е најголема пештера на светот. Таа е долга околу 6,5 километри, а висока околу 200 метри. Толку многу е голема што во неа може да се изгубите, па треба да ја посетите со професионален водич.

Водопади на границата на Кина и Виетнам

На границата на САД и Канада се наоѓаат Нијагарините водопади, а ништо помалку импресивни не се Так Бан Гиок на границата меѓу Кина и Виетнам. Тие се опкружени со фасцинантно зеленило и карпи, благодарение на што ќе видите сцени за паметење.

Геотермални извори во Јапонија

Љубителите на геотермалните извори секако би требало да го посетат северниот остров Хокаидо, поточно долината Џигоку, каде ги има во голем број.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијафевруари 22, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијафевруари 22, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијафевруари 22, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: